ВМРО-ДПМНЕ: Државава е шампион по корупција, Љупчо Николовски е заштитник на криминалот на Заев

Од:

„Македонија е европски првак во криминал и корупција, а миленикот на Зоран Заев, министерот кој ги штити криминалот и корупцјата на власта, Љупчо Николовски е најодговорен за катастрофата во сите меѓународни извештаи.

Секојдневните скандали на власта за криминал на нивни блиски луѓе, секојдневните наместени тендери од државните институциите ја однесоа Македонија на дното на извештајот на Транспаренси интернешанл, поточно на 111-то место.

Токму заради невладеењето на правото и селективната правда, како и за политичките прогони на власта реномираниот Економист ја рангираше Македонија како Хибриден режим“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалните тендери во здравството кои беа директно поврзани со најнеспособниот министер Венко Филипче остаанаа затворени во фиока и немаше никаква постапка од страна на ДКСК или Николовски.

Јавноста беше сведок на целосното заскривување на случаите Серхемс и Леонардо на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкоски, каде сите слушнаа како Рашкоски бара провизии за да го намести тендерот.

Никаква разрешница не видовме ниту за злоупотреба на европските пари, за тренирање на магариња, или илјадници евра дадени на флизерски салон.

Нема никаква постапка ниту за наместените лиценци за марихуана, ниту за Ден Дончев, ниту за Рекет.

Ова се причините за коруптивната жива кал во која не доведе Зоран Заев и неговиот пулен Љупчо Николовски. Затоа, Македонија наместо да е во друштво со сите европски држави ние сме во друштво со диктатури и нефункционални држави.

Николовски треба да си даде оставка, веднаш. Одговорност мора да има.

За сите овие понижувања и деградирања, за многу скоро ќе има одговорност. На наредните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе ги казнат овие криминалци, како Зоран Заев и Љупчо Николовски“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик