ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Од:

Државата е во хаос, Македонија ги живее своите најтешки денови под власт на ДУИ и нивниот измеќар СДС. Седум години институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Народот ја изгубил довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија е одземена од рацете на граѓаните. Државата е киднапирана од 100-тина функционери на ДУИ и нивните измеќари од СДС. Додека тие се граѓани од прв ред, сите други се граѓани од втор ред. Додека зборуваат за Европа, тие крадат. Додека зборуваат за подобра иднина, тие купуваат некоја нова Соравија. Со ДУИ и СДС Македонија е подалеку од ЕУ од било кога порано. На безнадежноста и апатијата мора да им се стави крај. ВМРО-ДПМНЕ преку Платформа 1198 има јасна визија и план како да ја придвижи Македонија напред, да станеме достојно место за живеење и младите тука да гледаат иднина, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски