ВМРО-ДПМНЕ: Доколку Заев сака да ја реализира платформата, нека излезе со неа на избори

Од:

„Волјата на мнозинството Македонци не смее да биде игнорирана. Тие гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е заглавен до гуша во криминал, фатен како бара пари во случајот „Поткуп“, фатен во случајот „Пуч“, замешан во криминалот со „Цареви кули“ и замешан со сериозни изборни криминали со цел лажирање на изборите.

Зоран Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање Влада по нотите од Тирана.

Зоран Заев затоа замижува и го одобрува однесувањето на Зијадин Села кој бара менување на знамето и химната, го негира постоењето на македонскиот народ и најавува бркање од работа на Македонците.
Заев соочен со своите и криминалите на своите соработници одработува туѓи агенди на штета на Македонија.

Целта за растурање на Македонија не е нова, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во криминалецот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон.

Последиците по однос на државата од реализирање на Тиранската Платформа ќе бидат несогледливи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи малцинска Влада на СДСМ и да гласа се од програмата на СДСМ, само СДСМ да се откаже од Тиранската Платформа.

Доколку Зоран Заев сепак е спремен на се, само да ја реализира платформата од Тирана, нека излезе со неа како своја изборна програма на избори пред граѓаните за народот да му каже што мисли“ изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет