ВМРО-ДПМНЕ: Докажавме дека ја имаме довербата од народот

Од:

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. Исто така важно е да се напомене дека ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од другата страна, опозицијата предводена од СДС, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите. СДС има и енормно намалување и на гласовите, со тоа што освои околу 126.000 гласови, што е за 111.000 гласови помалку од локалните избори 2021 година.

Големиот број на реализирани проекти, градинки, училишта, здравствени домови, пазари, изградба на атмосферска, фекална и канализациона мрежа, голем број на субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, финансиска поддршка за социјално ранливите категории, како и други мерки кои ги имаа преземено локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како одлични за граѓаните, кои повторно во голем број го дадоа својот глас за бројот 9.

Ова е одличен стимул за ВМРО-ДПМНЕ, дека сме на прав пат и дека треба да продолжиме онаму каде што сме застанале, со работа за нашите граѓани. Затоа е многу важно, на 2 ноември, повторно граѓаните да излезат масовно и да го заокружат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?