ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира Македонија

Од:

Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата и ќе биде додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните и генерално на македонската економија. Договорот со Обединетото Кралство е историски и важен поради најмалку две причини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот. Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.

Втората група проекти се во здравството, завршување на клиничкиот центар Штип заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово. Договорот подразбира отворање на работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи проекти какви што досега немало, инвестиции во железницата преку брзи линии, автопати и патишта. Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината и здравството. Договорот носи историски инвестициски циклус со кој Македонија ќе работи, ќе се гради, ќе се развива, ќе напредува“, тврдат од партијата

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Ја пратија дома со дијагноза ангина – почина две недели пред нејзиниот шести роденден

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази