ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е правно – политички мртов

Од:

„СДСМ и Зоран Заев мора да го прифатат фактот дека Договорот од Преспа е правно – политички мртов.

Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа НЕ.

1 милион и 200 илјади граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека НЕ се за промена на уставното име на Република Македонија.

Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија.

Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните.

Владата на СДСМ и Заев е синоним за корупција и криминал, сомнителни зделки, местење тендери и делење милионски суми, од кои единствен бенефит имаат блиските партиски војници додека граѓаните едвај преживуваат, и затоа се плаши од избор на обвинителна институција.

Овој хаос и криминал мора да престане, колку порано толку подобро за граѓаните и државата.

За Македонија да тргне напред мора веднаш да си заминат политичарите од транзицијата кои ја узурпираат власта во Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците