ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заеви јадат со златна лажичка, Македонија е најсиромашната, најнесреќната и најкорумпираната во Европа

Од:

„Златниот прибор за јадење на Заеви е слика и прилика за тоа како се луксузира власта на сметка на сиромашните граѓани.

Лажната претстава која Заев ја создава околу себе е демантирана само со една слика на која се гледаат златните лажици, вилушки и ножеви на Заеви во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само две евра дневно, 54 илјади луѓе останаа без работа, а уште толку не земаат редовно плата. Десетици илјади семејства на тутунари, лозари и оризари не можат да си ги земат заработените пари, ама затоа луксузот на Заеви и на власта не смее да трпи“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажниот социјалдемократ Заев е всушност апсолутист кој власта ја користи за лично богатење. Затоа во пикот на епидемијата тој наместо за животите и здравјето на граѓаните е опседнат со бизнисот со марихуана за да му обезбеди на своето семејство уште поголемо богатство. Тоа што починаа скоро 2.600 лица, а 85.000 беа заразени, очигледно не го спречува Заев да ужива во луксузот стекнат со матни зделки, сомнителни коруптивни и криминални набавки.

Алчноста по злато и пари на Заев ја претворија Македонија во најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана држава во Европа. Додека Заеви јадат со златна лажичка, огромно мнозинство нема ни за леб“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус