ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев е привилегирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права

Од:

„Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор. Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна на органите на прогонот е само ширење на страв и обид за сузбивање на секоја критичка мисла. Нивното притворање е притисок врз нив и нивните семејства, но и порака до сите оние кои би се обиделе да кренат глас против деструктивните и антидржавни политики на власта. Притворените не се терористи, туку жртви на политички прогон.

Додека Заев е привелигирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права гарантирани со Уставот и меѓународните конвенции.

Кршењето на законите и процедурите од страна на правосудните органи при апсењето на лицата од 27-ми април го потврди и Народниот правобранител.

Полицијата при апсењето на тројцата пратеници го повреди правото на пратенички имунитет и начелото на презумпција на невиност, при што е прекршен чл.19 од Правилникот за начин и вршење на полициски работи.

Властите се однесуваат како за нив да не важат законите. Инстиуциите се злоупотребени. Органите на власта не ги почитуваат ниту Уставот и законите, ниту меѓународните договори кои ги гарантираат правата на граѓаните.

Кршењето на законите е видливо во сите нивоа од кривичната постапка. Законите се кршат од ОЈО, судот, но и од одговорните во истражниот затвор.

Притворените беа неосновано обвинети и прогласени за терористи во медиумите под контрола на СДСМ. Притворените беа спектакуларно приведувани и спроведувани во истражниот затвор. Притворените беа фотографирани во истражниот затвор, а нивните фотографии беа споделувани до медиумите блиски на власта.

Република Македонија мора да биде демократска држава. Правото мора да важи за сите. Правдата мора да биде основен постулат на општеството. Само така институциите ќе уживаат доверба.

Институциите не смеат да бидат злоупотребувани и користени како алатка за политички прогон. Граѓаните заслужуваат општество во кое законите важат за сите, а институциите мора да бидат гарант на демократијата и владеењето на правото“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет