ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСМ се занимава со искреирани сценарија, Владата носи конкретни мерки

Од:

СДСМ е против трајното решавање на статусот на над 3.000 луѓе, против обезбедувањето сигурна егзистенција на над 3.000 семејства во оваа држава, против трајното решение на овој проблем не зашто е лош законот, туку само зашто се води од сопствените теснопартиски интереси, а не од интересот на граѓаните, реагира попладнево ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на опозициската партија.

– Нема никаква врска трајното решавање на статусот на над 3.000 лица со искреираните сценарија на СДСМ и Заев. Да се потсетиме колку луѓе вработија СДСМ? Одговорот е – ниту еден. СДСМ ќе се памети по создавањето на проблемот на невработеноста во Македонија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се додава, со законското решение сите што беа ангажирани со договори на дело, авторски или друг вид договори, ќе добијат адекватно пензиско и здравствено осигурување, како и остварување на сите права од редовен работен однос.

– СДСМ наместо да придонесе за поквалитетно законско решение, реши да се противи на решавањето на вакво значајно прашање. Тоа само ја покажува нивната деструктивност. Додека се занимава со искреирани сценарија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи конкретни проекти и мерки и ќе продолжи да работи во интерес на реалните потреби на граѓаните, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања