ВМРО-ДПМНЕ: Додека ние градиме и создаваме, СДС продолжува со манипулациите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ континуирано создава и придонесува во интерес на сите граѓани, додека СДС продолжува да се занимава со интриги, шпекулации и деструкција.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период работи на реализација на низа капитални инвестици и проекти, а СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години голем акцент стави на здравството и здравствената заштита на граѓаните, инвестирајќи во нови медицински објекти, апарати и обучување на кадарот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ по иницијатива на Претседателот Никола Груевски го изгради ПЕТ центарот – центар за рана дијагностика и лекување на малигни заболувања кој од вчера официјално почна со работа со пациенти, ова инвестиција е вредна 16 милиони евра и претставува единствен таков објект на потегот помеѓу Виена и Атина.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број на нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор. Деновиве привршува изградбата на новата зграда на АД ЕЛЕМ, каде ќе бидат сместени дополнителни шест регулаторни тела на простор од 10.000 м2, со 8 надземни и 3 подземни ката, со што овие институции ќе добијат нормални услови за функционирање и работа.

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за доброто на сите граѓани на Република Македонија, СДС продолжува со своите интриги и манипулации кон граѓаните.

Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза.

Граѓаните знаат што е подобро за нив и за нивната иднина, затоа и ВМРО-ДПМНЕ победи на последните избори, а СДС по 11-ти пат загуби. Граѓаните не сакаат лаги и манипулации. СДС наместо да се служи со измами, во најбрз можен рок да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори, на кои ќе го слушнат гласот на граѓаните и нивниот одговор за целата деструкција која во изминатиов период ја посеаја во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми