ВМРО-ДПМНЕ: Додека Ковачевски ја продава државата, не заборава да краде, 9 милиони евра тендер за битумен, добитник единствено пријавената фирма

Од:

„Додека Ковачевски ја продава државата, не заборава да краде, 9 милиони евра тендер за битумен, добитник единствено пријавената фирма. Имено Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, и според информациите кои ги објавија медиумите тие веќе почнале да црпат од рамката, при што се потрошени над 2 милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата која го добива тендерот, е и единствено пријавена. Иако интерес покажале повеќе компании, заради и чии барања се олесниле условите за учество на тендерот, за на крај тие воопшто и да не учествуваат.

Имено од првичниот услов банкарската гаранција да изнесува 5% од целиот износ на набавката, тој е преформулиран гаранцијата да се дава на секоја поединечна нарачка.

Дополнително поедноставувани се повеќе услови.

Компанијата која го добила тендерот не може сама да го исполни, и затоа истата е дела од групација, на чие чело се наоѓа странска фирма, која во повеќе наврати беше обележана и како фирма од која е увезуван штетен мазут.

Дали зад тендерот од 9 милиони евра стои некој од власта, и зошто фирмите кои се јавиле првично со барање да се корегираат условите не учествувале? Дали и кој ја спречил конкуренцијата? Дали некој од власта профитирал од тендерот тежок 9 милиони евра?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски