ВМРО-ДПМНЕ: Додека економијата тоне, здравството колабира, земјоделството умира, Заевци се богатат

Од:

Амнестираниот Заев повторно покажа дека се плаши од предлогот да прифати забрана за политичка активност на амнестирани политичари, зошто
надежта за спас за криминалите му е амнестија. Ама Заев ќе одговара и нема да избегне одговорноста и овој пат. Заев е свесен и затоа е уплашен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Заев во Битола.

„Заев не кажа ништо за долгот на СДСМ од 2,5 милиони денари. Не кажа ништо за предлогот за испитување на имот за политичари зошто како најбогато политичко семејство стравот им е голем.

Затоа Заев соочен со малиот рејтинг во Битола и во цела Македонија, Зоран Заев наместо со граѓаните организира настани на кои присуствуваат раководството на партијата и најпослушното партиско членство.

Со патетики, популизам, лаги и манипулации се обидува реалноста да ја прикаже розова, иако граѓаните од ден во ден живеат се потешко и посиромашно.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може да се прикажува како чесен. Не напротив. Залудни му се истите лажни ветувања кои ги дава во Битола за чист воздух, поддршка на земјоделците, враќање на младите. Имаше три години власт и не само што не направи нешто, туку состојбите ги доведе до загрижувачки размери.

Розовите очила на Заев не може да ги сокријат криминалот, корупцијата кои владеат во Македонија денес. Додека манипулира со гол популизам, куферите со милиони се шетаат со амин на власта и никој не знае во чии џебови од функционерите на СДСМ завршуваат.

Додека економијата тоне, здравството колабира, земјоделството умира, Заевци се богатат со нови и нови милиони.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?