ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што на изборите граѓаните ќе бираат меѓу Заев и Груевски

Од:

Одлуката Зоран Заев да го предводи СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори и да се бори за мандат за претседател на Владата, за ВМРО-ДПМНЕ е можност на 24 април граѓаните директно да избираат помеѓу него и Никола Груевски и помеѓу проектите на ВМРО ДПМНЕ и деструкцијата на СДСМ.

– Зоран Заев денеска самиот се прогласи за иден премиер. Зоран Заев денеска уште еднаш покажа што мисли за правото на граѓаните самите да судат и да одлучуваат. Зоран Заев денеска уште еднаш ги потцени сите гласачи, рече на денешната прес-конференција Владимир Пешевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку Заев е сигурен дека граѓаните ќе гласаат за него, додаде тој, ВМРО-ДПМНЕ го повикува да си даде оставка од функцијата градоначалник на Струмица, исто како што тоа ќе го стори премиерот Никола Груевски.

За ВМРО-ДПМНЕ добра вест која денеска ја слушнала целокупната јавност, како што рече Пешевски, е тоа што Заев потврдил дека по изборите во април веќе не постои ниту една причина поради која СДСМ не би ги признала резултатите. Тоа, потенцира Пешевски, би значело дека после 24 април Македонија ќе зачекори по патот на eкономскиот прогрес и реформите, а, како што рече, не по патот на блокадите и деструкцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина