ВМРО-ДПМНЕ: Добра вест за СДММ е што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нивната иднина

Од:

„СДСМ со ваква младина треба да е многу загрижен за својата иднина.

Наместо да се обидува да учествува во окупацијата на граѓанскиот сектор која СДСМ ја спроведува преку своите соросови експоненти, СДММ денеска ќе имаше многу повеќе корист ако ја следеше внимателно промоцијата на најновите 7 мерки и проекти за млади кои ги промовираше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Добрата вест за СДММ е што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нивната иднина, подеднакво како и за иднината на сите млади лица во државата за кои се наменети проектите кои се преземаат континуирано.

Денеска беа претставени најновите 7 мега-проекти:

  1. Еден клик
  2. Промена на студентскиот статус,
  3. Саем на средношколски иновации,
  4. Отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари,
  5. Нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид,
  6. Затворена тениска арена во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
  7. Гимнастичка сала во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,

Покрај најновите 7 проекти, за само 2 месеци беа најавени уште 20 други проекти за млади:

  1. Нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани со што овој амфитеатар ќе биде единствен во целиот регион,
  2. Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година,
  3. Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје,
  4. Стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори,
  5. Нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово,
  6. Целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола во кој ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови,
  7. Купи куќа за млади,
  8. Средношколска среда,
  9. Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети,
  10. Бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона,
  11. Железнички викенд за млади до 27 години, 1 и 3 викенд од месецот,
  12. .Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години,
  13. Перални и сушални во студентските домови низ државата,
  14. Изградба на фитнес зони во 18 градови низ Република Македонија,
  15. Отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром,
  16. Изградба на 150 игралишта за баскет,
  17. Инвестирај во својата иднина – стипендирање на постдипломски и докторски студии,
  18. Ново матично во Скопје,
  19. Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје,
  20. Комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски.

СДММ продолжува да ги следи стапките на СДСМ и да биде против новите домови за младите, новите спортки сали, бесплатен превоз, намалени партиципации, новите студентски домови, читални, стипендии, скејт паркови и уште низа други бенефиции.

Затоа СДСМ губи 9 пати по ред на избори. Затоа на 24-ти април народот повторно ќе гласа за проекти и реализација, наместо за деструкција и манипулација“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција