ВМРО-ДПМНЕ до Заев: СДСМ се плаши од избори

Од:

СДСМ се плаши од избори. Зоран Заев знае дека ќе ги изгуби парламентарните избори и сака да владее уште две години на штета на државата и граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение по изјава на премиерот Зоран Заев.

„Заев е свесен дека не ужива поддршка кај граѓаните кои се незадоволни од неговите антидржавни политики кои ја понижија државата на меѓународен план и придонесоа за колапс на економијата и затоа се плаши да излезе на  избори.

ВМРО-ДПМНЕ ја уверува власта дека и покрај постоењето на техничка влада, реформските процеси кои се потребни за наша интеграција во ЕУ  ќе бидат спроведувани и имплементирани, тоа не е и не може да биде изговор за власта. Штетите кои ги предизвика СДСМ врз државата се преголеми. Изборите ќе стават крај на една двегодишна апатија и тонење.

Време е СДСМ да се охрабри и да го стави државниот пред партискиот интерес“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците