ВМРО-ДПМНЕ: До овој момент ниту еден претставник на владата не кренал телефон да помогне во справување со невремето

Од:

„Досега ниту еден преставник на владата, ниту еден министер, ниту државен секретар или раководител се нема јавено на било кој скопски градоначалник да помогне во справување со последиците од невремето. Никој нема кренато телефон, не пак да помогне. Владата не постои. Народот и општините се препуштени сами на себе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Советниците на СДС во општините немаат никакво учество и прават опструкции во процесот на расчистување со последиците.

Воедно градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителството да испита зошто не работи градобијната одбрана за што се потрошени илјадници евра народни пари.

Исто така да се отвори истрага за надзорот и начинот на кој е дадена употребна дозвола на објектот на Ист Гејт кој се поплави како и зградите наполитанки кои се направија изминатите 5 години, а кои прокиснаа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ