ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: Подеднакво важно со решението на името е задржувањето на идентитетот

Од:

Иако се согласуваме за важноста од побрзото зачленување на Република Македонија во НАТО, сепак, треба да потсетиме дека за македонскиот народ подеднакво е важно задржување на идентитетот, изразен или поврзан со јазикот, националноста и името на земјата. Ние во ВМРО-ДПМНЕ не планираме по толку многу години борба да се предадеме прифаќајќи уцени и диктати од страна на Грција, ниту закани од каков било вид и од кого било. Нашата борба за македонското прашање е неотповиклива, неприкосновена и безалтернативна и нема цена која ќе не натера да отстапиме од тоа.

Ова се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ лиферувано откако лидерот на ДУИ Али Ахмети неколку пати јавно побара побрзо решавање на спорот со името и со тоа членство во НАТО.

– Со ова соопштение би сакале да му обрнеме внимание на г-динот Али Ахмети дека, иако се согласуваме за важноста од побрзото зачленување на Република Македонија во НАТО, сепак, треба да потсетиме дека за македонскиот народ подеднакво е важно задржување на идентитетот, изразен или поврзан со јазикот, националноста и името на земјата, се вели во текстот.

Ахмети, како што се посочува, добро знае или би требало да знае дека борбата на македонскиот народ за сопствениот идентитет, државност и самостојност, како и проблемите кои Грција ги прави по ова прашање датираат уште од пред повеќе од 170 години, поминувајќи повеќе премрежја, етапи, притисоци, крвопролевања, уништувања, прогони, присилни раселувања, нарушувања на човековите права и обид за уништување, односно бришење на македонската нација.

– Овие обиди продолжија и во последниве 23 години откако Република Македонија доби самостојност како држава. Во тие обиди кои постоеа многу долго пред НАТО да се основа, македонскиот народ даде голема жртва и со загубени животи и со многу маки и малтретирања на Македонците. А и самата земја во овие дваесет и три години издржа многу удари и шокови, од типот на ембарга, блокади и слично, потсетува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Ние во ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во соопштението, не планираме по толку многу години борба да се предадеме прифаќајќи уцени и диктати од страна на Грција, ниту закани од каков било вид и од кого било. Нашата борба за македонското прашање е неотповиклива, неприкосновена и безалтернативна и нема цена која ќе не натера да отстапиме од тоа.

– Во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ во врвот на своите приоритети го има зацртано зачленувањето на Република Македонија во НАТО и ЕУ, но само под услов тоа да биде паралелно со задржувањето на идентитетот изразен преку формите наведени погоре и со компромис кој не го загрозува тоа и го одобруваат мнозинството граѓани на Република Македонија и македонскиот народ. Г-дин Али Ахмети вели дека сега е време, ние велиме дека секогаш е време, но не по цена на македонскиот идентитет, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Трамп не му требала европска помош за Иран, ги побарал партнерите од радозналост

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

НАТО: Украинската воздушна одбрана собори само 17 проценти од руските ракети во мај

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО