ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК се обидува да направи привид дека нешто работи, а всушност не работи ништо

Од:

„Антикорупциската комисија извесен период се обидува да направи привид дека нешто работи, а всушност ништо не работи. Постапките кои ги завршува одвреме навреме се за некаков поздрав, но ноторен е фактот дека стотици претставки за сериозна корупција и криминал стојат во фиоките на антикорупционерите, само затоа што не и одговараат на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно, ја повикуваме ДКСК да отвори постапка за случаевите со местени тендери кои изминативе денови ги презентира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции, каде што произнесовме сериозни докази и изразивме сомнеж за сериозен криминал и можни коруптивни зделки на власта.

Еклатантните примери на местење тендери со однапред договорени спецификации, цени и проценти за мито на релација фирми-градоначалници од СДСМ, кои деновиве јавноста имаше можност да ги види, се доволни за да ДКСК отвори постапки и ги истражи.

ДКСК треба да биде ажурна антикорупциска комисија, а не заспан заштитник на криминалот. Доколку имаат волја да се борат против криминалот на СДСМ, ние им стоиме на располагање уште веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче