ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК продолжува со амнестијата за Ковачевски

Од:

„ДКСК продолжува со амнестијата за Ковачевски, фактите нема да исчезнат колку и да прикажуваат дека не ги гледаат. И самиот дезертер Ковачевски призна дека додека тој бил заменик министер е исплаќана државна помош кон фирма основана од него, само ДКСК се прави дека не слуша“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 300.000 евра се исплатени од државата на Пиксел груп во време кога Ковачевски е или заменик министер или мандатар за состав на влада.

Пиксел груп е фирмата која Ковачевски ја формира по доаѓањето на СДС на власт, заедно со неговиот кум, и за само една година градат фабрика. Истата оваа Пиксел груп е центарот на соларниот картел во аферата Броило.

Пиксел груп е фирмата која ги произведува фотоволтаичните панели кои КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски ги монтира, а дел од зделките кои ги имаат се и 2 милиона евра државни тендери во време на СДС земени преку КМГ ЕОЛ Квазар, и договор во вредност од над 2 милиони евра со ЕВН, договорот со ЕВН е склучен кога Ковачевски е заменик министер.

Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер основа и фирма во индустриската зона во Тетово, каде заедно со бугарска фирма почнуваат со изградба на фабрика во висина од 54 милиоми евра.

Ова се фактите. ДКСК да не молчи и да постапи по претставката која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски