ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски молчи за скандалот со избегнување на служење на воен рок, денес ќе објавиме документи за неговата трајна неспособност

Од:

„Цел ден молк од страна на дезертерот Димитар Ковачевски за скандалот, каде што тој свесно го избегнал служењето на воениот рок и дезертирал. Дезертерот Ковачевски за да ја избегне законската обврска во 2001 година за служење во војската на Републка Македонија, навел како причина за бегството од служење воен рок дека е трајно неспособен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Побегал од служење на воен рок, и не се јавил на отслужувување воен рок и не се пријавил во 2001 години иако бил повикан.

Зошто молчи дезертерот Ковачевски и не одговара на прашањата, дали е трајно неспособна личност или ги излажал институциите за да избегне служење на воен рок.

Димитар Ковачевски е дезертер кој сега ја води државата од функција премиер на владата. Трајно неспособна личност, како Ковачевски не смее да ја води државата.

Дезертерот Ковачевски доколку е навистина трајно неспособен треба веднаш да си даде оставка и да замине од премиерската функција.
Дали неговата неспособност е причината за сите понижувања кои и ги прави на државата изминативе неколку месеци.

Бидејќи дезертерот Димитар Ковачевски се крие и не сака да ја каже причината за неговото дезертерство, денес на јавноста ќе им ги презентираме сите документи за овој скандал. Документи каде што укажуваат за неговата трајна неспособност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски