ВМРО-ДПМНЕ: Деспотот од Форино не признава Устав

Од:

Деспотот од Форино, Талат Џафери, не признава ниту Устав, ниту закони во државата. Џафери спротивно на Уставот на Македонија, е претседател на Собранието и партиски функционер велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во исто време Џафери е претседател на Собранието на Македонија и член на Централниот одбор на ДУИ. Талат Џафери грубо го крши Уставот со секојдневно појавување на партиски трибини слугувајќи му на Али Ахмети, наместо да си ја врши функцијата претседател на Собранието. Според член 67, став 3 од Уставот каде што се вели „Функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија”, деспотот Џафери не смее да врши никаква политичка функција. Деспотот Џафери наместо да аплудира на заканите кон медиумите и нивните етикетирања од страна на Али Ахмети, треба да си ја врши својата работа за која го избраа, претседател на Собранието на Македонија. Додека Собранието со месеци е не функционално, нема закажани седници, собраниски комисии, а Џафери наместо претседател на Собранието и втор човек во државата, тера партиски агенди потчинувајќи му се на Али Ахмети. На ваквото самоволие мора да му дојде крајот. Граѓаните ќе го казнат ова автократско однесување на власта на СДС и ДУИ на следните предвремени парламентарни избори се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски