ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во седум града: Оставка на Заев, слобода на народот

Од:

„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси.

Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денес на 27.11.2020 во 18:00 часот ќе се одржи протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му