ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот прес на Алаѓозовски е алиби за претстојните измени на Законот за јазиците во РМ

Од:

„Алаѓозовски и СДС никако да се ослободат од дволичноста што веќе подолго време е заштитен знак на нивните политики.

Од една страна СДС прифаќа официјализирање на албанскиот јазик како втор службен согласно Тиранската Платформа, а од друга страна предлага некаков одбор за македонски јазик.

За разлика од хипокризијата која ја продава СДС, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ реализирани се конкретни проекти како капиталниот проект со новото издание на Правописот на македонскиот јазик кој се носи после првото издание од 1945 година.

Дополнително се реализира превод на македонски јазик на 1.200 наслови на современа стручна и научна литература, а како истакнати капитални проекти во делот на издавачката дејност би ги издвоиле следните: капиталната едиција „Ѕвезди на светската книжевност” која содржи 560 врвни дела од светската книжевност, Антологијата на литературата за деца и млади, Антологискиот приказ на македонската книжевност преведен на шест странски јазици, едициите „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“, „Светско книжевно наследство“, „Македонски искушенија“ и многу други проекти од оваа дејност.

Исто така се испраќаат наставници по македонски јазик во странство, со цел македонските државјани во другите земји да можат да се едуцираат на македонски јазик.

Денешниот прес на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен алиби за претстојните измени на Законот за јазиците во Република Македонија што како дел од Тиранската Платформа безусловно ја прифати нивниот лидер Зоран Заев. Токму таа Тиранска Платформа предвидува целосна двојазичност на територијата на Македонија, а сега Заев и СДС се обидуваат да ја релативизираат и покриваат со некаква наводна грижа за македонскиот јазик преку семинари, одбори и доработки на електронски бази.

Ќе беше добро доколку наместо купиштата изречени лаги и веќе слушнати флоскули, Роберт Алаѓозовски пред јавноста го објавеше веќе договорениот и усогласен текст на предлог законот за јазици кој неколку месеци го крие од граѓаните на Република Македонија.

Впрочем, Алаѓозовски ако не знае нека ги погледне изјавите на своите коалициски партнери кои јасно кажуваат дека се работи на проектот втор службен јазик во Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Роберт Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он