ВМРО-ДПМНЕ: Денес судот има можност да покаже дека не е само слеп извршител на нечии нарачки

Од:

„Изминуваат веќе 30 дена од неправедното притворање на невини луѓе, само заради политичка одмазда. Денес правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам.

Денес судот има можност да покаже дека не е само слеп извршител на нечии нарачки и дека одлуките ќе се носат единствено врз база на правни аргументи. Фактите велат дека без никаков доказ, без ниту едно сторено дело претходно, уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња беа прогласени за терористи.

Срамот да биде поголем судот им определи притвор ценејќи дека тие може да го повторат делото, да избегаат или да влијаат на истрагата, а сите немаа сторено ниту некаков прекршок во изминатите пест месеци, исто како што немаа сторено ништо и пред 27-ми април.

Судството и правниот систем не смеат да функционираат со двојни аршини, еден за Зоран Заев, а друг за сите останати граѓани.

Граѓаните се сведоци како постојано се одложуваат судски рочишта за Зоран Заев, со извинувања од судиите дека го малтретирале, додека пак од друга страна експресно процесуираат предмети за членови на ВМРО-ДПМНЕ и експресно се доделуваат притвори за невини луѓе од настаните на 27-ми април.

Притворените од немилите настани од 27-ми април кои се сместени во крајно никакви услови, изложени се на нехуман однос од страна на институцијата и Судот.

Политичкиот прогон кој се случува мора и може да прекине уште денес. Судот и обвинителството мора да бидат свесни дека со продолжувањето на мерката притвор тие се соучесници во политичката пресметка и прогонот.

Прогонот и политичките пресметки мора да прекинат уште веднаш. Само на тој начин ќе докажеме дека Република Македонија има демократски капацитети, а правосудниот систем оди во права насока“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет