ВМРО-ДПМНЕ: Денес протест во Скопје, заеднички да порачаме – Оставка на Заев, слобода на народот

Од:

„Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ги повикува граѓаните денес на, како што велат, сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија.

„Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му