ВМРО-ДПМНЕ: Демократскиот сојуз е во власта на СДСМ за да на грбот на народот ползуваат бенефиции

Од:

„Демократскиот сојуз е во власта на СДСМ за да на грбот на народот ползуваат бенефиции, додека сите плаќаат паркинзи тие ги злоупотребувале и дозволувале бесплатен паркинг за функционери. Директори, министри и разни функционери од власта предводена од СДСМ и ДУИ со години паркирале низ Скопје без за тоа да платат ниту еден денар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ДС молчи дали шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, Златко Марин од Аеродром со години не плаќале паркинг?

Дали за сите овие функционери на СДСМ и ДУИ не важеле закони, а паркинг за нив плаќале скопјани?

Додека возилата на граѓаните добиваат блокада или се носат во депото на Градски паркинг со пајак служба, автомобилите на функционерите на СДСМ и ДУИ можело да бидат паркирани било каде.

ДС има уште време да признаат и да кажат се што правеле. Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе објави регистарски таблички и други податоци за возилата на функционерите кои можело да паркираат каде сакаат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ