ВМРО ДПМНЕ – Демократска фракција: Избрзан потегот со интерпелацијата на Владата

Од:

„Почитуван професоре Мицковски, почитувани пратеници на ДПМНЕ во Собранието на РМ, од Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ, единица по математика и единица по политика или севкупна оценка: една голема единица.

Господине Мицковски, онака како што со метеорска брзина Ве донесоа на претседателската позиција на партијата, исто така со брзина на светлоста успеавте да го докажете, она што на никој досега не му успеа. Успеавте математички да докажете, како 1 + 1 = 0, па дури и помалку од 0. Односно за само неколку месеци како резултат на недоследната партиска политика која ја водевте, успеавте да регресирате математички, во негативна насока. Направивте 51 = 41, односно 41 = 40, а синоќа и како 40 = на една голема О. Успеавте со математичка прецизност да го доизиритирате целото партиско членство и јавноста.

Велиме водење на недоследна партиска политика која е распната помеѓу реалноста и фикцијата, безидејноста и импровизацијата, помеѓу немањето капацитет и храброст да се биде самостоен наспроти внатрешниот и надворешниот притисок, односно дневна политика распната помеѓу вистината и лагата, која стана неизоставен елемент на дневно политичкото опстојување.

Капак на неснаоѓањето на политичката сцена и водење на непримерена купи-ден политика беше и непотребниот и избрзан потег со интерпелацијата. Се работи за ефтин политички театар, непотребен маневар за враќање во собраниските клупи на мала врата односно недоволно промислена дневно политичка авантура за реализација на нешто што и на малите деца им беше одамна јасно.

Господине Мицковски!

Требаше некој претходно да ве поднаучи дека опозицијата не поднесува интерпелација за да ја зајакне позицијата на владата и да и даде дополнителен легитимитет, а себеси да се обезличи?

Интерпелација не се поднесува за да се залечи и санира изгубениот владин кредибилитет, а да се наруши сопствениот.

Интерелација не се поднесува кога поднесувачот нема доволен број гласови, и кога однапред знае дека истата е осудена на неуспех и кога истата нема да биде поддржана од другите опозициони партии.

Знаете ли што направивте? Едноставно, покажавте несериозност, несигурност и недоследност на пратеничката група. Му дадовте одврзани раце на премиерот Заев во наредните месеци да прави онака како што замислил, и како никогаш досега, му дадовте шанса и можност на сметка на дезориентирана опозиција вешто да се изрекламира и да го санира изгубениот рејтинг.

Ете, тоа е Вашата заслуга и бенефит за владата на РМ и за партиите на власт, кои ќе ви бидат благодарани, уште долго време за овој ваш непромсилен гест и авантура.

Наместо јавно и отворено да му кажете на членството и јавноста дека тајно преговарате за пакетот реформски закони и дека сте дале свој придонес во подобрување на нивната содржина како и согласност за нивно донесување, наместо што глумевте дека не го признавате собранискиот спикер (за кој со пола уста велевте дека е нелегитимно и насилно избран), а во меѓувреме ,,го тапкавте по рамења” и му се умилкувавте низ собраниските кулоари, Вие се обидовте да ја ставите партијата и членството во заложништво во заштита на неколумината веќе ,,однесени од виорот” и на оние на кои постојано им намигувате со едното око.

Продолживте и понатаму со водење на т.н ,,ми дадовте – се обидувам да ви вратам” политика.

Наместо да поднесувате избрзана и однапред осудена на неуспех интерпелација кон наводниот ,,ваш лут противник”, со асистенција на верните довчерашни слепи извршители на вашиот ментор и претходник, Вие требаше јавно да се оградите искомпромитираните партиски личности и од досегашните водени криминални политики. Требаше да соберете сила и јавно во име на партијата да се извините и да побарате прошка од целата македонска јавност како и од поединци за стотиците монтирани кривични дела од страна на претходното државно и партиско раководство, за безмислосниот прогон на партиските неистомисленици, за сето сторено зло и криминал, лаги и манипулации од поранешните и од сегашните нејзини членови. Само така и на тој начин, ВМРО ДПМНЕ заеднички ќе го вратевме на вистинските позиции, а сите ние ќе бевме посплотени и многу посилни во одрана на интересите на граѓаните на РМ.

Современото ВМРО-ДПМНЕ не треба да бие туѓи битки. Треба да ја бие битката за Македонија и за добробитта на граѓаните на нашата држава, битка за прочистување на партијата. Помина времето кога за личните интереси се жртвува вистинските патриоти, а чесните членови служеа за еднократна употреба. Пратеничката група не смеее и понатаму да биде користена како машина за гласање или како параван за реализација на неетички и задкулисни партиски пазарења познати само на лидерите на партиите.

Почитувани членови, почитувана јавност. ДПМНЕ и ВМРО се во сериозен расчекор и се соочуваат со значајна одлука во времето кое е пред нас и затоа сакаме посебно да се обратиме до пратениците кои треба конечно да се одлучат и да одберат: Дали и понатаму ке учествуваат во забрзаното пропаѓање на партијата во интерес на неколкумината кои од позадина сеуште ги влечат партиските конци или ќе учествуваат во изградба на современа, демократска и конструктивна партиска опозиција која ке се бори за достоинствена Македонија и која за кратко време и со нови сили ќе се врати на голема врата на македонската и европската политичка сцена“ изјави Јове Кекеновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад