А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО ДПМНЕ- Демократска Фракција: ЕУ пак ја понижи Република Македонија

by А1он27/06/2018 - 09:40220
Share0

Вчерашниот ден беше уште еден понижувачки ден за Република Македонија. Европската Унија по којзнае кој пат ја понижи Република Македонија со одлуката преговорите за членство да започнат дури во јуни 2019 година. За да ставиме крај на идните дополнителни самопонижувања потребна е итна оставка на владата на Зоран Заев и распишување на нови избори, е ставот на ВМРО ДПМНЕ- Демократска Фракција

Следете a1on на Instagram Instagram

Во соопштението се додава дека „Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и сите чесни и искрени вмровци се згасени од вчерашната изјава на неглетиминиот и наметнат лидер Мицкоски како и од немањето конретен став по ниту едно прашање. Отако „вмровците по професија и потреба” го слушнаа условниот датум за отпочнување на преговори, побрзаа и „целосно” да застанат зад одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција.

Досега молчеа, кокетираа и манипулираа со јавноста и членството и потајно го молеа господ претседателот Иванов да ја потпише ратификацијата, во обидот да не се замерат со меѓународната заедница. Во преден план им беше исполнување на цензусот за референдумот, односно исполнување на условите од договор Заев – Ципрас, а притоа да останат со @чисти раце”. Полна им беше устата со флоскулата. ,,Не го менуваме Уставот, заради промена на името”, а потајно посакуваа и работеа на промена на името и заштита и пазарење за оние кои ги донесоа на партискиот врв“, се истакнува во соопштението.

Во него се додава дека на „ВМРО и на Македонија и е смачено од вакви ,,пресметливи” политичари со двојни и тројни аршини во зависност од дневно политичките потреби. На ВМРО и вмровците потребно им е ново и легитимно партиско раководство избрано од членството кое има свои принципиелно зацртани црвени линии и ставови за заштита на државата, името на државата и националните интереси. На вистинските вмровци побитна им е државата и народот отколку удобните државни фотељи, потребно им е раководство кое ќе застане пред народот, а не да се крие од него“.

Следете a1on на Youtube YouTube
demokratska frakcija na vmro-dpmneeu

Би можело да ве интересира

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Горан Наумовски06/11/2026 - 08:57

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Горан Наумовски05/11/2026 - 22:23

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски05/11/2026 - 15:3005/11/2026 - 15:34

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Горан Наумовски04/11/2026 - 22:19

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

Горан Наумовски03/11/2026 - 14:12

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он28/10/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео