ВМРО-ДПМНЕ: Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем

Од:

Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Министерот за здравство Илир Демири и заменик министерката Маја Манолева треба да кажат дали затоа што на време не направиле санација од 120.000 евра сега се блокирани 12 оддели на Хирургија и цел здравствен систем е во хаос? Зошто милиони се одвојуваа за матни тендери, се местеа провизии за вакцини од десетици милиони евра, се крадеше на терапии за рак, а не се најдоа 120.000 евра за санација на Хирургија? Како е можно СДС и ДУИ да имаа пари за секакви матни зделки и тендери, а да немаа 120.000 евра за санација на проблемот на Хирургија? Имајќи го во предвид однесувањето на СДС и ДУИ станува јасно дека можеле, а не го решиле проблемот на Хирургија. СДС и ДУИ свесно го блокираа цел здравствен систем. Одговорност за хаосот на Хирургија ќе има, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски