ВМРО-ДПМНЕ: Дали снимките покажуваат дека вториот човек на БЈБ ослободил лице кое пукало врз полиција?

Од:

„Македонија со власта на СДСМ и ДУИ живее како во мафијашки филмови. Власта на СДСМ и ДУИ и МВР на Оливер Спасовски се обидуваат да прикријат дека висок функционер во МВР кој заштитувал лице што учествувал во вооружен напад врз полиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски и МВР молчат за каубојската престрелка која се случила во Чаир, во која лице осудено на затворска казна пука врз полицијата, а потоа е ослободен по интервенција на Ариф Асани функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ.

И овој случај никој немаше да дознае, ако не излезеше снимка на социјалните мрежи по која Оливер Спасовски и МВР треба да одговорат дали лицето во сина кошула од јавно објавената снимка е Ариф Асани, заменикот директор на БЈБ?

Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат да замине лицето кое ја нападнало полицијата?

Власта на СДСМ и ДУИ наместо да ја штити безбедноста на граѓаните и службените лица, се грижи за безбедноста на криминалците и мафијашите. Затоа криминалот царува, а мафијашите се чувствуваат сигурно.

Ова мора да престане. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да понесе одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ