ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?

Од:

По најновите информации дека кај местото на пожарот во Чучер-Сандево биле фрлени дрвени палети намачкани со бензин, со што очигледно некој намерно сакал повторно да го активира пожарот, ја алармираме јавноста за можна организирана саботажа.
И додека институциите посветено работат на спречување и гаснење на пожарите, зачудува со каква возбуда и злорадост некои структури блиски до СДС се обидуваат да ја претворат оваа елементарна непогода во политичка алатка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на упорната потреба на СДС да го користи секој инцидент за дневнополитички поени, но и на фактот што подметнувањето пожари станува повторлив модел, ние јавно прашуваме:

– Дали позади овие пожари стојат структури блиски до СДС? Дали ваквите инциденти се обид да се дефокусира јавноста од внатрепартиските расправии, пукнатини и крајниот распад на легитимитетот на нивното раководство? Дали ова е последниот обид на картелот кој ја држеше државата во заробеништво да создаде хаос за да се претстави како „пожарникар“ на проблеми што сам ги создава? Очекуваме институциите да истражат до крај. Но, и граѓаните нека си постават сами едно прашање: кому му одговара Македонија повторно да биде завиена во дим и хаос, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“