ВМРО-ДПМНЕ: Дали Рашковски тргувал со прашањата за испитот за судии и јавни обвинители

Од:

Во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет во Скопје е пронајден софтвер од прашањата за испитот за судии и јавни обвинители. Уште поголем сомнеж фрла фактот што серверот на системот на Академијата за судии и јавни обвинители се наоѓа во влада, каде до неодамна Рашковски беше генерален секретар – велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Во јавноста се појавија низа сомнежи кога дел од кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители имаа 100 од вкупно 100 можни поени на испитот.Самиот факт што сега прашањата се најдени во кабинетот на Рашковски фрла дамка врз целиот процес и ЈО треба во целост да го испита претходните неколку конкурси, кои се спроведувани додека Рашковски бил на функција.Постои сериозна опасност за нарушување на кредибилитетот на идните судии и обвинители, и ЈО мора да реагира“ – стои во соопштението од опозициксата партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ