ВМРО-ДПМНЕ: Дали над 2 милиони евра пари на скопјани е штета од ослободувањето од плаќање паркинг за функционерите на СДСМ и ДУИ, организиран од ДС на Павле Трајанов

Од:

„Дали над 2 милиони евра пари на скопјани е штета од ослободувањето од плаќање паркинг за функционерите на СДСМ и ДУИ?! 400 возила 4 години не плаќале паркинг низ Скопје, прибележани во ЈП Градски паркинг со регистарски таблички, марка и модел, но сите на 3 имиња, Борче Јакимовски и Владимир Кроневски, директори од ДС во тоа претпријатие за време на СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали зад овие имиња се криеле Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Златко Марин, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта?!

ДС по овој систем функционира како приврзок на СДСМ и ДУИ. ДС преку своите директори го помагаат криминалот на СДСМ и ДУИ.

Дали ова незаконско работење граѓаните на Скопје ги чинело над 2 милиони евра. Пари кои требало да легнат на име на претпријатието доколку овие функционери си го плаќале паркингот, а не да бидат ослободени?!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ