ВМРО-ДПМНЕ: Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија

Од:

Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија. Дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, а ќе чини 500 евра по човек ќе биде преку Туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби прашуваат во соопштние од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби? Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра. Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра. Дали на Груби не му е доволно што од голтар стана милионер, па сега сака да ќарува и на спортската еуфорија и радоста на граѓаните за успехот на репрезентацијата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски