ВМРО – ДПМНЕ да се реши прашањето со депонијата во тетово

Од:

Парадоксално е да се одвива културното лето во организација на општина Тетово во услови на мизерна инфраструктура и деградација на човековата околина и здравје во градот, истакнаа денеска на прес-конференција пред претоварната станица за отпад од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Живана Стојковска од општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Тетово изјави дека депонијата е извор на разни заболувања, бактерии, вируси, паразити и од неа се шират непријатни мириси, а со палењето се зголемува аерозагадувањето.

– Загрозени се подземните води и индивидуални водо-објекти. Свое засолниште наоѓаат и кучиња, мачки, глувци, омарци, муви, кои можат да бидат преносители на многу болести. Со палењето на депонијата се загрозува здравото население,а особено оние со хронични респираторни и кардио-васкуларни заболувања, децата, трудниците и постарите лица, рече Стојковска.

Побараа објаснување од градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, за тоа што работат вработените во ЈКП Тетово од службата за комунални дејности и зошто покрај зголемувањето на цените за вода и комунални дејности, градот тоне во нечистотија и ѓубре.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и советничката група во собранието на општина Тетово, ја повикаа градоначалничката Теута Арифи, покрај трошењето на граѓанските пари за Лето на Култура да се зафати со работење и решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски