ВМРО-ДПМНЕ: Да се објават кои фирми од Струмица, блиски до Заеви добивале кредити и не ги враќале и со тоа се вмешани во пропаѓањето на Еуростандард банка

Од:

„Криминалниот октопод со Штедилницата ТАТ од Битола, доби нова современа верзија со пропаѓањето на Еуростандард банка. Новиот криминален октопод во Македонија со Еуростандард банка не добива разрешница. Тоа е така бидејќи високи поранешни, но и сегашни функционери од антимакедонската СДС се вмешани во овој огромен криминал“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И овој случај со Еуростандард банка како тој за ТАТ се случува во време кога на власт е антимакедонската СДС, како и тогаш така и сега вмешани се високи функционери од СДС.

Власта предводена од антимакедонската СДС јавно да објави кои струмички фирми се вмешани во овој криминал?

Исто така да одговори како овие фирми, блиски до најбогатото семејство во Струмица, а и Македонија, Заеви, добивале кредити од банката без покритие и истите не ги враќале?

Јавноста очекува одговор како овие фирми биле повластени со тоа што не ги враќале парите и сето ова било премолчувано, дали бидејќи се поврзувани со фамилијата Заеви и истите биле заштитени во криминалот кој го правеле.

Илјадници штедачи се измамени и истите се уште чекаат разрешница за да бидат обештетени. Човечки судбини се во прашање и за овој криминал не смее власта предводена од антимакедонската СДС да молчи.

Одговорност мора да има за овој огромен криминал и клопчето мора да биде размотано до крај“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски