ВМРО-ДПМНЕ: Да се донесе во Собранието Декларација за Украина за мир и заштита на интегритетот, воедно СДСМ да не бега и да ја поддржи Декларацијата за Гоце Делчев

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии да се изгласа во Собранието Декларација Украина за мир и заштита на нејзиниот интегритет. Украина е суверена и независна држава и не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен нејзиниот територијален интегритет и суверенитет“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 21 век недозволиви се воени дејствија, а мирот и дипломатијата треба да бидат на прво место. Недозволиво е да се кршат основните принципи на меѓународното право и демократскиот поредок.

Македонија како држава минала и минува низ многу премрежија, се уште се соочува со негирање на нејзиното постоење и корени. Македонија е изградена од жарот за човечки правдини, од борбата за слободна, независна и суверена држава и токму затоа треба да застанеме на страната на интегритетот на Украина.

Во овие тешки времиња потребно е како нација да се обединиме и да ја донесеме таа Декларација, но воедно да ја изгласаме и Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев која ја предложивме. Гоце Делчев е симболот, столбот и идеологот на современата македонска историја, темелот на македонскиот современ идентитет и идејата за слободна и независна држава.

Затоа мораме двете Декларации да ги изгласаме заедно, бидејќи тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како симболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда.

СДСМ и наместо да ги користи несреќите за политика нека се одважи и да поддржи Декларациите за Украина и за Гоце Делчев. Само така ќе докаже дека се на вистинската страна и дека позадински не го подриваат македонскиот идентитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ