ВМРО-ДПМНЕ: Да продолжи изградбата на градинката во Волково

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да продолжи изградбата на детска градинка во населбата Волково во општина Ѓорче Петров, како и останатите пет до шест градинки за што, како што наведуваат, беа скратени средства со ребалансот на Буџетот.

– Владата на СДС скрати 5,6 милиони денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки. Овие средства се доволни за опремување и отворање на пет до шест нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година. Тоа значи дека поради неодговорноста на владата на СДС, градинката во Волково или некоја од градинките во Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе или Бутел може да не се изградат, изјави Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, урбанизацијата на оваа локација во Волково се во длабока подготвителна фаза од страна на локалната самоуправа.

– Локалната самоуправа во Ѓорче Петров излезе во пресрет на граѓаните на оваа населба и предвиде локација, на која што денес се наоѓаме, го финализира урбанистичкото планирање на просторот, ја подготвува документацијата, процес кој во брзо време ќе беше финализиран и градбата на оваа детска градинка ќе отпочнеше веднаш штом средствата ќе беа префрлени. Но за жал со последното кратење на средства во буџетот за намена изградба на детски градинки, се поизвесно дека тоа нема да се реализира, рече Теловска.

Обвини дека Владата на СДС покажала целосна негрижа кон семејствата, но пред се кон децата со самиот факт што вакви проекти ги тргна од приоритетот на своето работење. Посочи дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска промовира веќе отпочнати проекти и си ги препишува како свои.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски