ВМРО-ДПМНЕ: Да не се злоупотребува за политички цели инцидентот во Клиничкиот центар

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот на Клиничкиот центар Скопје во кој изутрината со огнено оружје беше повреден лекар и побара сторителите да бидат соодветно санкционирани.

Преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите политички и општествени субјекти да го осудат настанот и да не го злоупотребуваат за политички цели.

– Истовремено бараме да престане инструираната политичка и медиумска хајка која неколку месеци по ред се води од страна на СДСМ и соросовите медиуми против медицинскиот персонал и здравствените установи, бидејќи на тој начин се генерализира и девалвира работата на здравствените работници. СДСМ и нивните медиуми треба да бидат свесни дека нивната црна кампања може да доведе до немили настани како денешниот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија истакнуваат дека се солидаризираат со лекарите и медицинскиот персонал и оти даваат поддршка за секоја иницијатива за подобрување на условите во кои ја вршат нивната благородна дејност.

– Остануваме силно посветени на унапредување на здравствениот систем во државата. Токму во тој сегмент се вложени над 100 милиони евра во нова опрема, уште 100 милиони евра во реконструкција и изградба на нови објекти, постојана едукација во странство на медицинскиот персонал, намалување на цените во здравството се со цел да се обезбеди поголем пристап до здравствените услуги, поголем квалитет и подобрени услови за работа, наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус