ВМРО-ДПМНЕ: Да не се проблематизира изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираше дека СДСМ не смее да ја проблематизира изградбата на автопатот Кичево-Охрид и под итно да продолжи со градбата.

Во реакцијата се наведува дека автопатите кои се испланирани и почнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ се најголемите инфраструктурни проекти превземени од било која влада во независна Македонија и се влог за идните генерации и развојот на земјата.

– Изградбата на автопатите не е доведена во прашање, туку на површина излегува само неспособноста на СДС за менаџирање на рутинските проблеми кои се јавуваат при секој поголем инфраструктурен проект. СДС наместо да политизира, да бара разни изговори и да троши време во пишување соопштенија, треба да сфати дека се власт и дека треба да се соочат со одговорноста. Доколку не се способни и не можат да се сносат со истата можат веднаш да си поднесат оставка, се вели во реакцијата.

Притоа се додава дека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата дадени од СДСМ, односно нови 500 километри автопат, нови 550 километри регионални и магистрални патишта, 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски