ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски и Георгиевски, здружени на купче ќе бидат поразени

Од:

ВМРО-ДПМНЕ овторно реагира за вчерашната средба на Бранко Црвенковски со Љубчо Георгиевски и на изјавата на лидерот на СДСМ.

Од таму велат дека „во кафеански манир Бранко Црвенковски како што само му доликува нему“, избегнал да одговори на клучните прашања.

Прашуваат дали со Љубчо зборувале и се договориле за ФИРОM или за предлогот Северна Македонија?

„Дали зборуваа и се договорија за нивните пулени: за Даравелски, Иљо Иљоски, Петрит Аме, Орце Коруновски, за Маријан Тушевски, за Хари Костов?

Дали зборуваа и се договорија за времето кога пуштаа бугарски летоци или за ставот на Љубчо дека се фалсификува историјата?

Дали зборуваа и се договорија за шверцот на нафта и цигари, за ТАТ?

Дали зборуваа и се договорија кој и зошто ги затвораше Војо, Ламбе, генералите Утковски, Стојков, Кикереков, Слободанка Шуклева, над 350 луѓе во 2002-та и дали тие навистина биле виновни?

Црвенковски кога се труди нешто да докаже, тогаш бидете сигурни дека е спротивното од тоа што го говори! Кога Црвенковски вели дека има идеолошка разлика со Љубчо тогаш знаеме дека не ја кажува вистината. Овие луѓе имаат иста идеологија, таа се мери во долари и евра! Тоа го докажаа низ годините наназад.

Нивната средба претставува започнување на финалиот пад на една погубна политика за Македонија, таа средба е најдобар показател за тоа како ќе им заврши кариерата! Заеднички, здружени, на купче поразени од историјата и граѓаните“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО