ВМРО-ДПМНЕ: Човек близок до Груби лапна хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера

Од:

Човек близок до Груби лапна хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје – Блаце истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278м2 на фирма блиска до Груби. Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра. Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена? Која е економската оправданост за продажба на хотел за 55.000 евра? Дали продажбата е услов за потпишување на договор на власта со таа градежна фирма и дали станува збор за рекет? ЈО не смее да чека, купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?