ВМРО-ДПМНЕ: Членовите и активистите на ДУИ дозволуваат Артан Груби да ја приватизира партијата

Од:

„Смешно е што дозволуваат членовите и активисти на ДУИ, Артан Груби да ја приватизира партијата и да ги злоупотребува соопштенијата од ДУИ за да го одбрани сопствениот криминален октопод. Груби во неговото опкружување е познат како верен послушник на некои поранешни политичари и државни функционери кои се дел од тие процеси за кои ДУИ пишува соопштенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неговата криминализираност исто како и неговиот идол е до степен на клептоманија.

Артан Груби кој важи близок до коцкарското лоби, на Македонија гледа како големо казино. Овој пат ДУИ се коцка со судбината на Македонија и на Албанците и на Македонците.

ДУИ наместо во немоќ да навредува и клевети, треба да се позанимава како се случи пожарот во модуларната болница, како се случи несреќата во Ласкарци, автобуската несреќа во Бугарија.

Неспособноста на Артан се плаќа со животи. Секој почеток има свој крај, а крајот на Груби во политика се ближи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина