ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Од:

Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината. Се градеше нова и се реконструираше постоечката патна инфраструктура, се градеа спортски сали, терени, игралишта, се прошируваа капацитети и се градеа нови детски градинки. Еден од најгорливите проблеми на Кисела Вода, особено за брачните парови, беше долгата листа на чекање за упис на дечињата во градинките. И затоа, четири години се работеше интензивно и посветено, се наоѓа средства и ресурси за да се изградат нови градинки, а и да се прошират капацитетите на постоечките. Посветената работи и вложениот труд вродија со плод, во последните четири години се изградија пет нови градинки, а уште пет се реконструираа, проширија и се модернизираа со најсовремени услови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта да се стави крај на листите за чекање за прием во детските градинки, се постигна. Од наследена листа со 450 деца кои чекаат упис, сведена на нула. Паралелно се вложуваше и во основното образование, се модернизираа училниците, се поставуваа фотоволтаици, се градеше училишна спортска инфраструктура, а во моментов две училишта се во фаза доградба со цел да се создадат услови за воведување едносменско работење во сите основни училишта.

Изминатите четири години, во Кисела Вода значително се развиваше спортската инфраструктура, така што се изградија повеќе од 20 спортски терени, во моментов се градат три нови спортски сали, четири се целосно реконструирани и во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ беше пуштен целосно нов затворен базен. Патната инфраструктура беше во центарот на вниманието, за четири години се инвестираше во сите населени мести и се изгради нова и реконструираше постоечката во должина од 70 километри, со обновена подземна водоводна и канализациска мрежа, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он