А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Централната тема 40 дена пред избори на СДСМ е сообраќајка со штета од 150 евра

by А1он30/10/2016 - 14:4730/10/2016 - 15:27203
Share0

СДСМ е инфериорен кога станува збор за соочување со вистинските проблеми и грижи на граѓаните. Нема што да им понуди и затоа централната тема на 40 дена пред избори му е сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопштение на СДСМ во врска со дополнителниот заменик-министер Диме Спасов.

Добивај вести на вибер

– СДСМ е свесен дека не може да му парира на ВМРО-ДПМНЕ кога се во прашање проекти, економија, намалување на невработеност. Затоа мора да измислува и фабрикува лаги и да ја манипулира јавноста, наметнувајќи теми кои пред избори треба да го оттргнат вниманието на граѓаните од понудата на партиите. СДСМ уште еднаш го покажа вистинското лице. Не го интересираат ниту фактите, ниту институционалните постапки. Фабриката за афери ќе смисли конструкција и партијата и медиумите под контрола на партијата ќе пресудат, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, додава, од СДСМ нема одговор кои се лицата кои го следеле Спасов и што е преземено против овие лица па затоа измислува лаги и конструкции без ниту еден доказ во функција на создавање конфликтност, деструкција и кризи.

– Тоа го прават само очајни луѓе кои знаат дека ги чека огромен пораз на престојните избори. Јавноста гледа дека Фабриката за афери на СДСМ повторно работи во три смени. Добро е што на 11 декември народот ќе ја стави во стечај фабриката и ќе запре ваквата деструкција на СДСМ. На народот му е веќе преку глава наместо со реални проблеми да се занимава со измислиците на Зоран Заев. СДСМ знае дека граѓаните нема да го одберат она што тие го нудат: следења, подметнувања, провокации, фабрикации и манипулации. СДСМ знае дека граѓаните уште еднаш ќе се одлучат за понудата на ВМРО-ДПМНЕ: развој, излез од кризата, нови работни места и просперитет, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:47

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен