ВМРО-ДПМНЕ: Центар има доволно пари да насади нови дрвја кај „Бристол“

Од:

Општина Центар по основ на комуналии за изградба на зградата на Советот за радиодифузија на 10 и 11 јуни оваа година заработилa  9,8 милиони денари.

-Жерновски, денеска иако се противи на изградбата, овие пари не ги одбил, не ги вратил туку напротив ги инкасирал во касата на општина Центар и заработил. Доколку Андреј Жерновски е навистина загрижен за зеленилото, само мал дел од овие пари можел да ги употреби за садење на илјадници нови зелени насади и дрвореди околу местото каде се гради зградата на Советот за радиодифузија, реагираат од владејачката партија на денешните изјави на градоначалникот на Центар.

„Но наместо тоа, парите добиени од градбата која денес тој ја напаѓа ги употребува за своја лична, но и партиска промоција на коалицискиот партнер СДСМ, како и за десетици нови вработувања на партиски војници во општина Центар. Тоа е нечесен и лицимерен однос. Жерновски е против зградата, но не и против парите кои по основ на комуналии ги добил од таа зграда“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски