ВМРО-ДПМНЕ Центар го исклучи Мијалков од партијата

Од:

На предлог на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата.

„Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ согласно Статутот, член. 27, став 1, алинеја 17 и Член 16, став 1, алинеја 4 а врз основа на Член 5, став 1 од Правилникот за Дисциплинска одговорност на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 23.10.2018 година ја донесе следнава одлука:

Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалов согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалов на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата“ се вели во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Мијалков не присуствува на прославата на ВМРО-ДПМНЕ на празникот 23 Октомври – Денот на македонската борба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски