ВМРО-ДПМНЕ: Цената на водата во регионот за четири пати поскапа од Скопје

Од:

Во Скопје цената за испорачана вода за домаќинствата е 17,25 денари. Поевтина вода на територијата на Македонија има само во Вевчани и Демир Хисар, а во сите останати градови цената е многу поголема. На пример во Струмица цената е 31,2 денари. Ова денеска го изјави Александар Бичиклиски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје, како реакција на денешната прес-конференција на советничката група на СДСМ.

– Во сите останати градови од поранешна Југославија и од Балканот, цената на водата е за два, три, а некаде и за четири пати поскапа од цената на водата која ја користат граѓаните на Скопје. Можеме да споредиме и колку е наплатата на водата во регионот. Граѓаните во Република Македонија во споредба со многу европски држави плаќаат најевтина вода за пиење, потенцира Бичиклиски.

За тоа дека дека Рудници Железарница користи вода која не ја плаќа, потсети на одлуката донесена на Советот во која, како што рече, сите се согласивме дека треба да се испита и да се добие информација за тоа каков е тој договор направен со Рудници Железарница во 1971 година.

– Не станува воопшто тука тема на разговор дека ВМРО-ДПМНЕ е против наплатата на вода, туку ВМРО-ДПМНЕ ги почитува сите законски и правни акти, донесовме одлука на Советот, ја чекаме информацијата и кога ќе ја добиеме ќе постапиме по неа, нагласи Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски