ВМРО-ДПМНЕ: Целта на СЈО е елиминација на партијата за слабеење на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение истакнува дека целта на СЈО е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата.

– СЈО води политички процес, чија цел е политичка, а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење докази, се наведува во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека СЈО се претворило во канцеларија на СДСМ.

– СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани. Во наредниот период секогаш кога ќе се појават теми за решавање на проблемот со името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори, законот за јазици ќе стане тема и ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за своето однесување.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус