ВМРО-ДПМНЕ: Целта на оваа неспособна власт е да го минира штрајкот на СОНК преку нивниот омилен синдикалец

Од:

„Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта за да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори. Димовски е добро познат како верен послушник и умилкувач, најпрвин кон Зоран Заев, а сега и кон Димитар Ковачевски.

Целта на оваа неспособна власт е целосно да го минира штрајкот на просветните работници, бидејќи не се способни да им излезат во пресрет на барањата на професорите.

Бидејќи не сакаат да ги исполнат нивните барања, си најдоа верен придружник кој ќе прифати се што неговите нагодавачи ќе му понудат, а потоа тој ќе се преставува како месија за решавање на проблемот. Но проблемот нема да биде решен бидејќи нема да бидат прифатени барањата на наставниците и професорите, а со тоа и ќе се продлабочи проблемот.

Власта треба да престане да краде и да одвои средства за зголемување на платите на просветните работници, зголемувања пропишани во колективните договори.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.

Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО